Пробиштипјанец изработил лажна платежна картичка и од неа искористил 134.493 денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.С.(21) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Во текот на декември 2018 година, пријавениот искористил згодна прилика и прибавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и податоци за носителот на платежната картичка и ги искористил при вршење на 11 успешни интернет трансакции кон странски интернет продажни места, со што го оштетил сопственикот за износ од 134.493 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.