Проблем во електричната инсталација најверојатна причина за пожарот во Кисела Вода

Големиот пожар што вчера избувна во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, кај спортската сала „Расадник“, најверојатно настанал поради спој во електричната инсталација, информираа од противпожарната бригада.

Од таму додаваат дека од огнената стихија биле зафатени вкупно три стана, а пожарникарите интервенирале со 11 возила. Операцијата за гаснење траела повеќе од два часа. Извори од противпоќарните служби информираа дека во акцијата се повредени тројца полицајци, а од зградата успешно биле евакуирани седум лица.