Проблеми во германската репрезентација

Голманот на „Барселона“, Марк Андре Тер Штеген очекуваше дека ќе биде стартер и на Светското првенство во Русија, но селекторот на Германија, Јоаким Лев се одлучи за Мануел Ноер.

Иако Ноер со години е прв голман на Германија, тој поради повреда долго време беш надвор од терените, па се очекуваше Тер Штеген да биде меќу стативите по освоеното првенство на Шпанија со каталонскиот клуб.
Кога цела сезона играте на врвно ниво а при тоа освоите и една од најголемите фудбалски титули на светот, некако е логично да се надевате дека ќе браните во Русија. Искрено сум разочаран, но ќе се трудам да му помогнам на Ноер, рече Тер Штеген.

Ноер последниот официјален натпревар го одигра во септември лани кога го повреди стапалото поради што беше принуден да паузира повече од девет месеци. Тој бранеше на неодамнешниот пријателски натпревар со Австрија кој Германија го загуби.

Германија на Мундијалот е во групата „Ф“ со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.