Проблемот со лажните вести за Американците е поважен од тероризмот

Проблемот со лажните вести за американските граѓани е поголем од тероризмот и илегалната миграција, покажуваат податоците од истражувањето на јавното мнение што го спровело Pew Research Center.

Според оваа студија, околу 50 отсто од испитаниците како главен проблем ги издвоиле лажните вести, додека за 34 проценти тоа е тероризмот, а за 38 отсто тоа е илегалната миграција. Покрај тоа, како главен проблем Американците не ги сметаат ниту насилните кривнични дела кои меѓу другите одговори ги навеле 49 отсто од испитаниците, климатските промени со 46 отсто, расизмот со 40 отсто и сексизмот кој го споменале покрај другите проблеми 26 отсто од испитаниците.

Почесто од лажните вести, како најголемите проблеми во САД испитаниците го споменале јазот меѓу сиромашните и богатите со 51 отсто, американскиот политички систем со 52 проценти и достапноста до здравственото осигурување со 67 отсто се истакнати како главните проблеми. Главниот проблем за најголемиот број Американци е зависноста од дроги, кој го истакнале 70 отсто од испитаниците. Последниот е поврзан не толку со нелегалната трговија со наркотиците, колку со масовната дистрибуција на опиоидни лекови, со која актуелната администрацијата на претседателот Доналд Трамп активно се справува.

Околу 68 отсто од испитаниците веруваат дека измислените (лажните) вести и информации силно влијаат врз довербата на Американците во владините институции, а околу половината, или 54 отсто, велад дека тоа сериозно влијае и на меѓусебната доверба. Околу 79 отсто од испитаниците сметаат дека е неопходно да се преземат мерки за борба против ваквите вести, а 56 отсто сметаат дека ситуацијата во оваа област само же се влошува во следните пет години.

Кога станува збор за изворите на лажните вести, 57 отсто од Американците пред сѐ ги споменуваат политичките лидери, а 53 сметаат дека тоа се активистичките групи. На третото место во овој дел од анкетата се наоѓаат новинарите, нив ги споменале 36 отсто од испитаниците а следи јавноста во целост со 26 проценти. Истовремено, 53 отсто од испитаниците веруваат дека токму на новинарите лежи одговорноста за борбата против лажните вести, 12 проценти сметаат дека со овој процес треба да се справува владата, а 9 отсто се потпираат на технолошките компании.

Од агенцијата забележуваат дека по ова прашање републиканците воопшто изразувале поголема загриженост отколку испитаниците кои се изјасниле како гласачи на демократите, и повеќе вината ја префрлаат на новинарите.

Анкетата била спроведена во периодот од 19-ти февруари до 4-ти март годинава врз 6.127 испитаници. Грешката се проценува на плус/минус 1,6 процентни поени.

Прашањето за ширењето на лажните вести стана во фокусот на американската јавноста во текот на кампањата за претседателските избори во 2016 година. Американските власти подоцна обвинија руски државјани и организации за обид за мешање во изборниот процес и систем, кои отоврале лажнио акаунти на социјалните мрежи преку кои ширеле лажни информации. Руските власти повеќепати ја негираа својата вмешаност во ваквите активности/