Проценките за понудата ги поткренаа цените на нафтата над 83 долари

Цените на нафтата надминаа 83 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи проценките за недостиг од понуда на крајот на годината ги надминаа стравувањата од последиците од високите трошоци за задолжувањето во САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше повисока за 53 центи од вчерашното затворање на трговувањето и изнесуваше 83,23 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 41 цент повисоко, по 79,03 долари.

Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелoт од референтната нафтена кошница на нејзините членки се во четвртокот поевтинил за 22 центи на 82,81 долари.

Во првата половина од неделата трговците беа охрабрени од оптимистичките проценки на OPEC и американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ за побарувачката. OPEC потврди дека очекува побарувачката да порасне за 2,25 милиони барели дневно оваа година, а „Goldman Sachs“ предвидува солидна побарувачка во САД во текот на летото и пазарен дефицит во третиот квартал од 1,3 милиони барели дневно.

А американската влада малку ја зголеми проценката на побарувачката и се согласи со OPEC и „Goldman Sachs“ дека пазарот треба да забележи дефицит на понудата барем до почетокот на зимата. И OPEC и САД, како и Меѓународната агенција за енергија (IEA), очекуваат дефицит, забележуваат аналитичарите на „Commerzbank“.

IAE е енергетска советодавна агенција на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕCD) која обединува големи потрошувачи.

Проценките за дефицитот ја турнаа во втор план најавата на американската централна банка Федералните резетви (Federal Reserve – Fed) дека планира да ги намали трошоците за задолжување дури на крајот на годината. Досега најавуваа дека можат да ги спуштат во септември.

Високите трошоци за задолжување во подолг временски период може да ја забават економската активност и побарувачката за енергенсите. Инфлацијата благо се намали во САД во мај, а бројот на нови барања за бенефиции за невработеност минатата седмица достигна највисоко ниво во последните десет месеци.