Процесот на заробување на човештвото во името на „слободата“

пишува: презвитер Ивица Тодоров

ДЕНЕС целиот свет е сведок на ПРОЦЕСОТ на ЗАРОБУВАЊЕ на човештвото во името на „слободата“, „човековите права“ и „демократијата“!
Овој ПРОЦЕС е втемелен на краен РЕЛАТИВИЗАМ и подло ИЗВРТУВАЊЕ на вистинските животни, општествени и политички вредности!
Горниот пристап треба да поттикне целосен НИХИЛИЗАМ, односно противење и НЕГИРАЊЕ на било какви објективни и докажани вредности, вистини и традиционални проверени здрави модели на живеење.

ОВОЈ ПРОЦЕС засилен со сериозна пропаганда и со правна заштита втемелена на прилагодените законодавствата на конкретните држави треба да формира НОВ ТИП на ментален склоп и начин на однесување кај луѓето!

Тоа однесување ќе биде, а и веќе е препознатливо преку:
1. АНТИТЕИЗМОТ, антиморалноста и крајниот антитрадиционализам;

2. ПЕРВЕРЗНАТА слобода во пројавата и изразувањето на сексуалноста (LGBTIQ/ gender идеологија/ Истанбулска конвенција);

3. РЕЛАТИВИЗИРАЊЕ на поимите „БРАК“, „СЕМЕЈСТВО“, „ПОТОМСТВО“ и „СЕКСУАЛЕН МОРАЛ“;

4.ФОРМИРАЊЕ на сосем ново доживување на државите, општествата, колективитетите, религиите! Ова ново доживување пропагира губење на СУВЕРЕНИТЕТОТ, ИНТЕГРИТЕТОТ и ОРГИНАЛНОСТА во име на ГЛОБАЛНОСТА и НЕОИМПЕРИЈАЛИЗМОТ!

5. ПРОПАГИРАЊЕ и ширење на „култура“ на ПОВРШНОСТ, конформизам, СУБЈЕКТИВИЗАМ, индивидуализам, потрошувачко општество, хедонизам и КРАЈНА ОТУЃЕНОСТ!

Финалето на овој ПРОЦЕС е во формирање на општество од крајно отуѓени, обескоренети, аморфни и идентитетско, духовно и морално уништени индивидуи кои лесно од краен лажен либерализам ќе бидат воведени во перфиден тоталитаризам на „антихристовото“ време!

Само автентичното христијанство и моралниот, конструктивен и одговорен ПАТРИОТИЗАМ може да го објасни и разобличи овој ПРОЦЕС и да помогне да не станеме негови жртви или марионети! Само Божјото откровение запишано во Светото Писмо и автентично разбрано и практикувано во Црквата може да ни помогне успешно да се движиме во ова време на општа ЗБУНЕТОСТ.

НЕМА повеќе ИСТОК или ЗАПАД, Америка или Русија, ЛЕВИ или ДЕСНИ, во светот има само ЛИБЕРАЛ/ ГЛОБАЛИСТИ и ПАТРИОТИ/ СУВЕРЕНИСТИ! ИМА само ЛУЃЕ кои се за ТЕМНИНАТА, УНИШТУВАЊЕТО и глобалниот неоколонијалистички грабеж и перверзија и ЛУЃЕ кои се за СВЕТЛИНАТА, УБАВИНАТА НА ПОСТОЕЊЕТО, суверенитетот, здравоста и оргиналноста!