Процесот за името наликува на личен договор меѓу Ципрас и Заев

Склучување на меѓународен договор во врска со името на државата треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена, изјавил претседателот Ѓорге Иванов на средбата со  министер за надворешни работи, Никола Димитровна Република Македонија.

Од кабинетот на Иванов информираат дека министерот Димитров усно информирал за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен документ.

Претседателот Иванов на средбата истакна дека непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори, целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери.

Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес, рече македонскиот претседател.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.