Процесот за импичмент на Трамп ќе продолжи на 9 февруари

Американскиот Сенат денеска усвои резолуција за правилата за прелиминарните процедури за импичмент на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, при што обвинителството и одбраната ќе ги изнесат своите аргументи во писмена форма. Самиот процес против Трамп ќе продолжи на 9 февруари.

Осумдесет и тројца сенатори гласаа за резолуцијата, а 17 се изјаснија против.

Седницата на Горниот дом на законодавниот дом на земјата беше пренесуван во живо од американските телевизиски куќи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.