Прочисителна станица во кочанско со швајцарски пари, власта и опозицијата се докажуваат кој е позаслужен

Денеска во селото Мојанци во употреба е пуштена Пречистителната станица за отпадните води од Кочани, кои повеќе нема да се слеваат директно во реката Брегалница. Ќе се собираат од сите населени места на потегот од Оризари до Подлог преку цевковод долг 12 километри и ќе се третираат во Пречистителната станица.

Кон Пречистителната станица изградена на 11 хектари предвидено е подоцна да се приклучи и Виница. Целиот процес е автоматизиран. За економичност инсталирана е и фотоволтаична централа, а обезбедени се средства и за санирање на штетите на патот Кочани Мојанци, настани за време на изградбата на пречистителната станица.

Станицата за третман на отпадни води се изгради со донација од Швајцарија од 21 милион швајцарски франци. Останатите два милиони се обезбедени од држвниот буџет и комуналното претпријатие Водовод од Кочани. Ова не е прва донација на Швајцарците со чија подршка веќе се изгради Пречистелната станица во Берово. Од  Министерството за животна средина најавуваат дека до крајот на годината пречистителни станици ќе добијат Битола и Тетово, а догодина ќе се гради и во Скопје.

На свеченоста на која присуствуваа владини претставници предводени од премиерот Зоран Заев, претставници од швајцарската амбасада, градоначалници од регионот и други гости, беше истакнато дека е завршен капитален објект во кој ќе се применува најсовремена технологија за пречистување и третман на отпадните води.

Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада искажа задоволство што градежните работи на пречистителната станица се завшршени во планираниот рок и што жителите од регионот ќе добијат важен капацитет за обезбедување здрава животна средина.

„Пречистителната станица пред нас е само дел од една успешна приказна зад која стојат луѓето и нивната работа, а ние имавме одлични партнери на локално ниво. Граѓаните на Швајцарската Конфедерација го делат истиот сон со овдешното население, сон за чиста река Брегалница и за повторно воспоставување на рамнотежата на водните еко-системи. Тоа е сон за подобри еколошки услови во регионот и сон што ќе ја приближи Северна Македонија до семејството на Европската Унија. Задоволство е да се види дека сонот, или барем, дел од него, се оствари“, истакна амбасадорката Тејада.

Ратко Димитровски -поранешениот грдаоначалник, Јордан Димитров екс-претседател на Советот на Општината, Иван Иванов – актуелен пратеник и др.

Власта и опозицијата се конфротираа за тоа чиј проект е Пречистителната станица. Таа денеска во употреба беше пуштена од Градоначалникот Николчо Илијев и премиерот Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција накоја укажа кој е заслужен за овој проет.

„Станицата за третман на отпадни води се реализира со донација од Владата на Швајцарија од 21 милион швајцарски франци, при што во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ финансиско учество обезбеди и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Општина Кочани и КЈП „Водовод“-Кочани.

Проектот е отпочнат е почнат 2013 година, а договорот за пречистителната станица е потпишан 16 јануари 2017 година, и по план требало да се заврши на 26.11.2017 година.

Проектот се пушта во употреба, како и сите проекти превземени од претходната власт, заедно со обид за партиско промовирање на власта“, рече Гоце Марков од ВМРО-ДПМНЕ.