Продаден најголемиот црн брусен дијамант за 3,8 милиони евра

„Енигма“, најголемиот брусен црн дијамант на светот од 555 карати, е продаден во средата во Лондон за 3,16 милиони фунти, или 3,8 милиони евра, откако неодамна првпат беше изложен во јавноста.

Дијамантот од 555,55 карати и 55 површина, со тежина приближно како една банана, ја постигна цената на онлајн наддавање што го одрганизираше познатата лондонска аукциска куќа Sotheby’s на која беше прифатено и плаќањето во критповалути. Постигнатата цена е помала од очекуваната од 4,4 милиони фунти.

Од Sotheby’s, притоа соопштија дека „купувачот се одлучи да користи криптовалута“. Од Sotheby’s пред продажбата дијамантот го опишаа како „вселенско чудо“. Минатата година во Хонгонг дијамантот „Key 10138“ беше продаден за 12,3 милиони долари, исто така платени во криптовалута.

Се верува дека реткиот црн или карбанадо дијамант настанал кога метеорит или астероид удрли во Земјата пред повеќе од 2,6 милијарди година. Карбонадата вообичаено се пронаоѓаат близу површината на почвата, што укажува на вонземското потекло.

„Сметаме дека овој специфичен вид на црн дијамант настанал или од метоероски удари кои предизвикале природно таложење на хемиски пареи или од вонземско потекло, од екслозија на супернова која формирала астероиди со дијаманти коишто на крајот се судриле со Земјата“, соопшти аукциската куќа.

Дијамантот е една од материите кои е најтешко да бидат режани. На стручњаците им биде потребни три години сировиот дијамант да го набрава бисер со 55-те страни (површини), а неодамна беше претставен во Дубаи, Лос Анџелес и Лондон. Неговата форма е инспирирана од блискоисточниот симбол на моќта и заштитата во дорна на дланка – Хамса, кој исто така е поврзан со бројката пет.

„Големината, формата и изворот на дијамантот Enigma го прават единствен и неверојатен. Повеќето дијаманти изрежеани се во една од десетте популарни форми, но формата на Enigma потсетува на рака“, изјави Тобијас Корминд, извршен директор на најголемата европска онлајн златарница „Mayfair“.

„Enigma“ не е дијамант со квалитет на благородни камења, а крабонадо инаку не се користи во накитот, ниту се придава на аукција, но неодмана стана популарен. Вообичаено се користат при индустриското дупчење поради нивната извонредна тврдост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.