Продадени засега 20.000 влезници за спас на ФК.Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се наоѓа во тешка ситуација, па неговите најверни навивачи „Комитите“ се одлучија да направат акција за спас на клубот и тоа со купување на билети .

Акцијата трае веќе некое време, а „Комитите“ ја информираа јавноста дека веќе е надмината границата од 20.000 билети со што е поставен рекорд кога е во прашање домашен спортски настан, поточно продажба на влезници.

Се очекува да бидат продадени уште билети и со тоа да се соберат дополнителни финансиски средства за помош  и спас на ФК Вардар.