Продажбата на влезници за Олимпијадата во Јапонија над очекувањата

(Photo credit should read TORU YAMANAKA/AFP/Getty Images)

Организаторите на олимписките игри кои следната 2020 година ќе се одржат во јапонската престолнина Токио објавија во петокот дека ги потцениле барањата на Јапонците за влезници, откако во првата „домашна“ фаза од продажбата во јуни биле купени 3,22 милиони влезници.

Неочекувано големата побарувачка ги натерала оранизаторите повторно да ја проценат понудата за Јапонија, па така во август ќе се одржи втората лотарија за оние кои останел без влезници во првиот круг. Според организаторите, неколку стотици илјади влезници ќе бидат понудени на втората лотарија.

Точниот формат на втората лотарија сѐ уште не е разработен, но ќе биде отворена само за оние кои не успеале да се снабдат со влезници во првиот круг. Пријавите за втората лотарија ќе бидат можни до 22-ри август, кога почнува и процесот за приваување за вчезници за Параолимписките игри.

„Примивме неверојатно количество барања во првиот круг, и тоа потполно ги надмина нашите очекувања“, изјавил портпаролот на Олимписките игри 2020, Маса Такаја.

Организаторите, исто така, се откажале од продажбата на непродадените влезници од првиот круг по принципот „кој прв“ есенва, туку тогаш најверојатно ќе биде организирана третата лотарија којашто повторно ќе биде отворен само за јапонските државјани.

Заинтересираните кои живеат надвор од Јапонија до влезници ќе може да дојдат само преку локалниет овластени продавачи на влезници. Меѓу 70 и 80 отсто од сите влезници се резервирани за домашна продажби, додека остатокот е наменет за странските гледачи и за спонзорите.