Продолжен притворот за 19 полицајци уапсени во Косово

Мерките притвор, за 19 полицајци уапсени во северниот дел на Косово, се продолжени за уште 48 часа, јави приштинскиот портал „Калѕо“.

Сепак, порталот појаснува дека конечната одлука за продолжувањето на притворот се очекува утре. Судијата по претходна постапка Арбен Хоти за „Калѕо“ изјави дека конечната одлука денеска не била донесена поради големиот број притворени лица.

Претходно, градоначалникот на Зубин Поток Срѓан Вуловиќ изјави дека се ослободени сите шестмина српски цивили кои беа уапсени во вторникот во таа општина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.