
Владата на денешната седница му го продолжи мандатот на Владо Бучковски за специјален претставник на Владата на С Македонија за Бугарија.
„На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година“, соопшти владината прес-служба.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.