Претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ добил решение од Кривичниот суд со кое му се продолжува притворот за нови 30 дена.
Информацијата ја потврдува адвокатот на Шиповиќ Стерјо Зиковм кој појаснил дека очекуваат во текот на следната недела јавното обвинителство да се изјасни за гаранциите со кои се бара Шиповиќ да се брани од слобода.
Ова е трето продолжение на притворот од 30 дена за Мирослав Шиповиќ. Тој беше уапсен на аеродромот во Виена на пат за Скопје од Њујорк, а потоа беше и екстрадиран во земјава. Шиповиќ беше уапсен како првоосомничен во случајот „Претседавач“. Се товари за финансиски криминал во фирмата „Машинопромет“ тежок милион евра додека бил на чело на Управниот одбор.