Продолжена 5-годишната гаранција на компресорот на инвертер-клима уреди од Хајсенс

Сите сакаме поголема сигурност и гаранција кога купуваме уреди за нашиот дом кои се предвидени да ги користиме на подолг рок. Hisense ви дава сигурност со квалитетот кој го гради 50 години и со продолжена гаранција од 5 години на компресорот на сите клима уреди во асортиманот.

За дополнителна гаранција може да се регистрираат сите инвертер клима уреди од Hisense купени во периодот меѓу 15.10.2020 година и 31.12.2020 година. Можете да ја побарате вашата продолжена гаранција со регистрација на клима уредот најдоцна 30 дена по купувањето.

Hisense е бренд основан во 1969 година во Кина. Денес Hisense е водечка интернационална компанија за производство на телевизори, апарати за домаќинство, системи за климатизација и паметни мобилни телефони. Во сопственост на Hisense се повеќе брендови како Toshiba, Gorenje, Kelon и Ronshen.