Продолжена кризната состојба во снабдувањето со енергија

Собранието на денешното продолжение на 86-тата седница, изгласа продолжување на рокот на кризните состојби поради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и поради недостиг на топлинска енергија во Скопје.

Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, а со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, беше изгласана предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.