Продолжено примирјето со сепаратистите во источна Украина

Украинската армија денеска соопшти дека го продолжува новиот прекин на огнот со проруските бунтовници, откако еднодневното примирје било во голем степен почитувано од двете спротивставени страни.

Потпаролот на армијата, Андреј Лисенко изјави дека вчера објавениот 24-часовен прекин на огнот довел до значително намалување на престрелките.

– Денот на тишината покажа дека и двете страни се приближуваат една кон друга. Бидејќи гледаме намалување на престрелките, ќе продолжиме да го почитуваме режимот на тишината и се надеваме дека истрелите драстично ќе се намалат или целосно ќе запрат, истакна Лисенко.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.