Продолжувањето на војната во Украина повторно го урна Волстрит

На њујоршки Волстрит во петокот главните берзански индекси потонаа под притисокот на руската офанзива во Украина, забележувајќи повторно загуби и на седмично ниво, при што индексот Dow Jones веќе петта седмица со ред.

Индексот Dow Jones во петокот падна за 229 бодови или за 0,69 отсто, на 32.944 бодови, забележувајќи седмична загуба од 2 отсто. Така падна веќе петта седмица по ред.

Индексот S&P 500, пак, ослабе во петокот за 1,3 отсто на 4.204 бодови, а индексот Nasdaq за 2,2 отсто, на 12.843 бодови. На седмичнно ниво S&P 500 загуби од вредноста 2,9 отсто, на Nasdaq 3,5 отсто, а со тоа двата индекса паднаа втора седмица со ред.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека дошло до „одредени позитивни промени“ во разговорите меѓу Москва и Киев. Украинскиот претседател Владимир Зеленски, пак, тврдеше дека Украина дошка до „стратешката точка на пресврт“ во војната со Русија.

Сепак, прекинот на огнот не е договорен, а руските сили продолжија со офанзивата ширум Украина и, според американското разузнавање се чини дека се прегрупираат за можен напад врз главниот град Киев.

Во меѓувреме американскиот претседател Џо Бајден го отповика статусот „повластен трговски партнер“ за Русија, додека Конгресот излгаса нов закон за финансирање со дополнителни 14 милијарди долари за Украина.

„Позитивните изјави на Путин поврзани со преговорите за прекинот на огнот се потенцијално добри, но инвеститорите не се сигруни колкава тежина на тоа да се придаде имајќи ги предвид претходните изјави кои се покажаа шупливи“, коментира за Reuters Џим Паулсен, стратег во инвестициското друштво „Leuthold Group“.

Најмногу во петокот паднаа акциите на мега-компаниите како „Apple“ за 2,4 отсто и на „Tesla“ за 5,1 отсто.

Уште од почетокот на годината пазарот на акции е под притисок на продажбите, коишто украинската криза ги интензивираше, но во почетокот ги покренуваше очекувањето на американската централна банка Federal Reserve (Fed) поради инфлацијата ќе ја заостри монетарната политика. Од почетокот на годината индексот S&P 500 така веќе е во минус од 11,8 отсто.

На европските берзи во петокот индексите го завршија тргувањето во плус, надоместувајќи дел од загубите од ден претходно.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 го заврши тргувањето во плус од 0,95 отсто, на 431 бод. Истовремено франквуртскиот DAX порасна за 1,38 отсто, на 13,628 бодови, лондонскиот Ftse индекс за 0,8 отсто на 7.155 бодови, додеак парискиот CAC за 0,85 отсто, на 6.260 индексни поени.