Продолжува израелската рација на Западниот брег

Израеслките војници во неделата повторно спроведоа рација во округот Џенин, жaриште на палестинскиот отпор во енклавата Западен брег (на реката Јордан), од каде потекнува еден од напаѓачите кои изминатите седмици во Тел Авив изведo смртоносни напади.

Палестинското министерство за здравство објави во неделата дека во судирите во Џенин, како и во Ерихон и Тулкарем се ранети најмалку десет лица. Палестински извори објави дека во разни делови на Западниот брег уапсени се 24 луѓе.

Израелската војска во кусото соопштение објави дека „силите моментално дејствуваат во градот Џенин“ на северот на Западниот брег, кој меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневна војна во 1967 година.

Воената операција се изведува откако вооружен маж во четвртокот вечерта во центарот на Тел Авив, каде се мноштво кафулиња и ресторани, уби тројца Израелци и рани повеќе од десет. По повеќечасовна потера, израелските сили објавија дека во петокот утрото во близина на Тел Авив бил застрелан осомничениот за нападот, идентификуван како 28-годишниот Раад Хазем од Џенан.

Вкупно 14 луѓе се убиени во четири напади во Израел од 22-ри март, вклучително и уште еден вооружен напад во Бнеи Брак, ортодоксен еврејски град во близина на Тел Авив. Во истиот период убиени се најмалку 10 Палестинци, вклучително и напаѓачите.

„Ќе сториме сѐ што е потребно, што и да е потребно, колку долго и каде и да е потребно, додека не биде воспоставена бебзедноста и чувството на заштитеност“, вели воениот командант Авив Кошави во видео-обраќањето до израелските војници што го објави војската.

Израелската војска и граничната полиција претходно во саботата извршија рација во бегалскиот камп во Џенин, убивајќи во престрелка 25-годишен припадник на Исламски џихад, главното вооружено крило на палестинското исламистичко движење Хамас. Израел, истовремено го ограничи пристапот во Џенин, ги затвори израелските премини и ги зајакна безбедносните проверки.