Продолжува мировната конференција за Сирија

Мировната конференција за Сирија денеска продолжува во Женева, а како што најавува агенцијата „АФП“, ќе бидат интензивирани разговорите и барањата на опозицијата сирискиот претседател Башар ал Асад да поднесе оставка и да сев отворат прашањата за пренос на власта во земјата.

Исто така, ќе стане збор за хуманитарните конвои и нивните проблеми да дојдат до опколениот град Хомс.

Претставниците на режимот на почетокот на конферецијата ја исклучиле можноста да се водат разговори за заминувањето на Асад од власта и првите два дена од мировните преговори биле фокусирани на хуманитарни теми.

Но, портпаролот на опозицијата, Луај Сафи изјавил дека дошло времето „да се започнат разговори за премин од диктатура во демократија“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.