Продолжува неспособноста на Филипче: Пациенти од хематологија доведени во опасност

Во услови на намален капацитет на медицински персонал затоа што сме држава со најголем процент заболен медицински персонал од корона, Филипче бара од секоја клиника да обезбеди по два доктори за работа во полската болница. И до тука е во ред, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на својот Фејсбук профил, но проблемот е што се бара и од Клиниката за хематологија, каде што има болни со најтешка дијагноза кои што имаат многу намален имунитет.

„Докторите кои што ќе работат во полската болница потоа треба да се вратат кај овие болни, а потенцијалот да им пренесат каква било болест е огромен. Ако пак не се вратат и останат дома, тогаш клиниката поаѓа со капацитет што, пак, ги доведува болните во опасност. Дали заради неспособноста на Филипче ќе страдаат многу болни во Македонија?“, истакнува Стоилковски.