Продолжува палењето на контејнерите низ Скопје

Утринава повторно се опожарени два контејнера. овој пат хулиганите палеле на на ул.„Никола Карев“, во близина на Железничката станица.

Во текот на првите десет месеци од 2019-та година од страна на непознати сторители се опожарени над сто садови наменети за одлагање на комуналниот отпад во градот Скопје.

„Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со ваквите инциденти на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје му е нанесена финансиска штета во висина од  1, 5 милиони денари. Палењето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и одржувањето на хигиената во градот. Да престане вандализмот и уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје“, порачуваат од јавното претпријатие.