Продолжува расплетот во групите, дербито на денот од 20 часот

Четири натпревари и денеска се на програмата на овој неделен мундијалски ден.

Осмиот натпреварувачки ден ќе го отворат селекциите на Јапонија и Костарика со натпреварот од 11 часот.

Расплетот во групите продолжува од 14 часот со натпреварот меѓу Белгија и Мароко.

Во 17 часот на стадионот Калифа интернационал ќе се сретнат репрезентациите на Хрватска и Канада.

Дербито на денот ќе се одигра со почеток во 20 часот, а на теренот ќе истрчаат селекците на Шпанија и Германија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.