Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето

Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето објави НБРМ. Во јули вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на домаќинствата. Годишната стапка на раст изнесува 7,9%, како резултат на растот на депозитите на двата сектори, поизразен кај секторот „домаќинства Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, главно заради зголеменото кредитирање на домаќинствата. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 8,2% и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”. Депозитите на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства” се зголемени за 9% и 8,4, соодветно.

Кредититите на годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 7,1%. Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 9,4%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.