Продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковското езеро

Судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско езеро во април 2012, познат како „Монструм” денеска продолжува во Кривичниот суд Скопје. Ова е прво рочиште по завршување на судската ферија.

Постапката на овој случај е во фаза на доказна постапка. Сведоците на обвинителството скоро се при крај, односно на една од следните рочишта би требало свој исказ да даваат сведоците предложени од одбраната.

Повторувањето на судењето за „Монструм” како сведоци пред Кривичниот суд Скопје ги доведе поранешните високи функционери во МВР, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков. Исто така, свој исказ дадоа и политичките функцинонери Зоран Заев и Али Ахмети.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судската двојка Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинените го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.