Продолжуваат антивладините протести во Киев

Судирите меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Киев, предизвикани поради контроверзниот закон за ограничување на правата на протсетите, траат повеќе од 16 часа, а медиумите пренесуваат дека има стотина повредени на двете стрени.

Мирисот на чад се уште се чувствува, бидејќи демонстрантите утринава запалија четири полициски автобуси и два камиони од кои направиле улични барикади, додека полицијата ги блокирала приодите кон центарлните улици во близина на украинскиот парламент.

И покрај студеното време, на улицита има околу две илјади демонстранти од кои многумина од нив, носат гас маски, додека синоќа во протестите учествувале 200 илјади луѓе.

Демонстрантите посипуваат сол на асфалтот каде што има мраз по употребата на водените топови и фрлаат петарди на полицијата која употребила солзавец.

Судирите започнале синоќа кога групата демонстранти ја нападнале полицијата, обидувајќи се да се пробијат до зградата на парламентот кој беше блокиран со полициски автобуси и единици за разбивање на демонстрации.