Продолжуваат борбите за сирискиот град Кобане

Продолжуваат борбите меѓу курдските сили и џихадистите од Исламската држава за контрола врз сирискиот град Кобане.

Утринава повторно во некои населби се слушале истрели, а во центарот на градот се уште се веело курдското знаме.

Според локални извори, судирите траеле цела ноќ, а советникот Фатих Чифчи, од најблискиот турски град Суруч, изјавил дека околу 700 луѓе ја преминале границата во текот на ноќта, барајќи засолниште во Турција.

Меѓу бегалците имало и цивили и борци од вооружената курдска милиција. Сили за заштита на народот, а 47 од нив биле повредени. Чифчи тврди дека во Турција биле пренесени и седуммина загинати лица.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, ИД по неколкудневна опсада вчера влегла во источните квартови на Кобане.

Борби започнале денеска и во западните и јужните квартови на сирискиот град, и покрај новата серија воздушни напади против позиции на џихадистите, извршени синоќа од меѓународната коалиција, предводена од САД.