Продолжуваат неразјаснетите инциденти на иранските стратешки постројки

Неколку резервоари со гориво експлодирале во вторникот во северниот ирански град Керманшах, известуваат медиумите за најновиот во низатаинциденти на стратешки постројки во земјата кои досега останаа неразјаснети.

Пожарот кој избувнал во индустриската зона Дулат Абад е ставен набрзи под контрола. Новинската агенција ILNA јави дека засега причините за инцидентот не се познати и додава дека локалните власти ги потврдиле експлозиите.

Заменокот на началникот на противпожарната служба во провинциката Керманшах, Кејван Мелеки за агенцијата ISNA потврдил дека во експлозијата и пожарот се повредени најмалку четири лица и прецизирал дека станува збор за експлозии на камионски цистерни со гориво.

„Во текот на инцидентот на паркиралиштето на индустриската зоан Дулјат Абад се запалика и изгореа шест камиони“, рекол Малеки додавајќи дека освен повредените нема жртви.

Според истиот извор, камионите и резервоарите не припаѓале на иранското министерство за нафта, туку се во сопственост на приватна компанија.

Станува збор за последниот во низата пожари и експлозии во Иран, од кои некои на стратешки постројки, а за кои досега нема извештаи за причините. Последните неколку седмици вакви инциденти имаа во воениот камп Парчин на истокот од Техеран, во нуклеарната постројка Натанц во централен Иран, во фабрика и во болница во предградија на Техеран, и во петрохемиски комплекс на југозападот на земјата.