Продолжуваат протестите во БиХ

Околу сто лица го блокирале движењето пред зградата на претседателството на Босна и Херцеговина во Сараево, јави „Интерфакс“.

Освен во Сараево, протести се одржуваат и во Тузла, каде на улица излегле неколку стотици работници од затворени претпријатија, како и во многу други градови на земјата.

Демонстрантите се незадоволни од состојбата на економијата на Босна и Херцеговина и ги критикуваат властите за приватизацијата на државните претпријатија, што по нивно мислење ја влошува материјалната состојба на работниците.