Продолжуваат протестите во Хонгконг

Повеќе од илјада хонконшки училишни наставиници и покрај грмотевиците и дождот во саботата го започнаа протестот против владата на овој автономен кинески регион во текот на овој викенд, за што постојат стравувања дека може да предизвика остра реакција на полицијата, а протестите исто така ќе покажат дали демонстрантите сѐ уште имаат широка поддршка од сограѓаните, по ескалацијата на насилствата изминатите денови.

Демонстрантите кои го започнаа протестот поради предлог-законот кој овозможуваше предавње на осомничени од Хонгконг на централните кинески власти, кој во меѓувреме беше повлечен, сега велат дека се борат против уривањето на договорот за „една земја и два систаем“, со кој оваа британска колонија во 1997 година се врати во составот на матицата Кина.

Агенциите пренесуваат дека изминатите неколку седмици демонстрантите засилено ги насочиле своите фрустрации кон полицијата, која возвратла со поголема решителност да ги исчисти улиците на Хонгконг од демонстрантите.

Четириесетгодишната средношколска професорка по музија Ју за агенцијата Reuters во саботата изјавила дека е решителна да им искаже поддршка на студентите кои протестираат, иако не се согласува со нивните потези. „Ја ценам нивната храброст и грижата за Хонгконг. Тие секако се похрабри од нашата влада“, велу Ју.

Мирниот протест на наставниците доби одобрение од полицијата. Откако се собраа во Централниот деловен кварт, тие дојдоа до резиденцијата на премиерката на Хонгконф, Кари Лам, извикувајќи „Хонконшката полиција ги знае законот, но го крши“. Се очекува дека антивладините демонстранти ќе одат во поворка низ квартот Коувлун, кој е популарна дестинација за трговците и туристите од Кина.

Партијата Фронт за граѓански и човекови права, која ги организираше масовните протести во јуни, закажа нов протест во недела.