Продолжуваме искрено и енергично, се до стабилизирање на состојбата, порача Мицкоски во Пехчево

По посетата на Будинарци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја продолжи посетата на местата погодени од пожарите. Попладнево тој беше во Пехчево.

-Доцна попладнево бев во обиколка на Пехчево и соседните населени места. Поддршката на населението која ја дадовме беше скромна, но од срце. Продолжуваме искрено и енергично, се до стабилизирање на состојбата.