Продолжува потрагата по урнатиот индонезиски авион

Бродовите и во вторникот го пребаруваат морското подрачје околу индонезискиот остров Јава во потрагата по жртвите и остатоците од индонезискиот патнички авион кој се урна во морето со 189 патници и членови на екипажот.

Авиотно од типот „Boing 737 MAX 8“ на индонезиската воздухопловна компанија „Lion Air“ се урна во понеделникот во морето, околу 13 минути по полетувањето од аеродромот во главниот град Џакарта. Претставниците на властите уште во понеделникот изјавија дека не очекуваат дека ќе најдат преживеани во трагедијата.

Екипите коишто се ангажирани во потрагата пронашле делови од тела и остантови за кои се верува дека потекнуваат од авионот, во морето во близина на градот Караванга, 70 километри источно од Џакарта.

„Вчера подигнавме остатоци од човечки тела и остатоци од авионот. Засега уште не можеме точно да го одредиме местото на падот на авионот“, изјави Маде Ока, од националната агенција за потраги и спасување. Додаде дека бродовите дополнителни се опремени со сонари кои треба да помогнат во потрагата.

Како што објави интернет порталот aviation-safety.net, авионот кој во понеделникот се урна во морето на претходниот лет имал проблеми со отчитувањето на податоците, бидејќи се покажало дека податоците за позицијата и брзината биле „неверодостојни“. Се наведува, исто така, дека во текот на летот на линијата од Денпасар кон Џакарта се покажало дека се „нерегуларни отчитувањата на вредноста на позицијата и брзината веднаш по полетувањето“.

Извршниот директор на компанијата „Lion Air“, Едварс Сивар, потврди во вторникот за германската новинска агенција DPA дека авионот тогаш имал проблмеи со отчитувањата на некои податоци, но додаде дека „проблемите биле решени во текот на ноќта“. Според него, пилотот на авионот, Индиец кој имал искуство и повеќе од 6.000 часови летање, побарал да се врати на аеродромот поради неспецифициран технички проблем.

Соерјанто Тјахјоно, шефот на Националниот комитет за спасувања, изјави оти се надева дека што поскоро ќе бидат пронајдени „црните кутии“ од авионот, коишто треба да помогнат да се утврдат причините за катастрофата.