Продолжува расправата за уставните амандмани

Откако викендов законодавниот дом ги утврди со 67 гласа „ЗА“, 4 воздржани и 23 против нацрт амандманите на Уставот денеска во Парламентот продолжува собраниската седница.

Собранието на Република Македонија денеска во 11:00 часот ќе ја продолжи 64. седница со расправа по 35. нацрт-амандман, а по неговото изгласување ќе започне и дебата за 36. нацрт-амандман и последниот предвиден со уставните измени, согласно Договорот од Преспа.