Продолжува соработката со ЕБОР на повеќе проекти

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев оствари средба новоименуваниот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје, Анди Аранитаси, кој ќе ја преземе функцијата од досегашната директорка Анка Јоана Јонеску на 1 септември 2019 година.

На состанокот, соговорниците зборуваа за тековните проекти кои се спроведуваат со заедничка соработка на Владата и ЕБОР, а кои се однесуваат на регионално патно и енергетско поврзување, проекти од енергетскиот сектор, како и проекти за поддршка на малите и средни претријатија во земјата.

Анѓушев ја потенцираше добрата соработка помеѓу Владата и Европската банка за обнова и развој, преку која во моментов на територијата на нашата земја, во различни фази, се одвиваат десетици проекти. Анѓушев подвлече дека поддршката од банката е значајна за реализација на енергетските проекти за подигнување на нивото на производство на електрична енергија од обновливи извори, стабилноста на електро енергетскиот систем, но и за изградба на екпресните патишта Крива Паланка-граница со Република Бугарија и Штип Радовиш, изградбата на железницата кон Република Бугарија и други проекти кои се изведуваат во соработка со банката.