Продолжува судењето за „Диво насеље“

Денеска ќе се одржи ново судско рочиште за случајот „Диво Насеље“, откако на минатото рочиште кое се одржа пред четири дена седуммина сведоци на одбраната сведочеа во процесот „Диво Насеље“.

На минатото рочиште неколку сведоци раскажаа што се случувало на 9 мај 2015 година. Првиот сведок, Игор М. кој е вработен во МВР, даде исказ по барање на обвинетиот Арсим Бајрами. Сведокот истакна дека утрото на 9 мај го видел обвинетиот Бајрами во селото Речица, а и позборувале на кратко. Бајраму му рекол дека оди кон полициската станица бидејќи го повикале, а инаку бил на боледување. Обвинетиот Бајрами има 34 години, женет е и има две малолетни деца.

Потоа, сведочеше Момчило Ц., вработен во средно училиште, кој во судот се појави по покана на одбраната на обвинетиот Ирфан Љутвиу. Љутвиу му бил бербер, истакнувајќи дека последен пат се шишал кај него на 3 мај и дека берберот работел до доцна навечер, бидејќи кај него секогаш имало гужва. Обвинетиот Љутвиу има 36 години и има две малолетни деца. Завршил средно образование и работел како бербер.

На покана на обвинетиот Мусадик Бајазити сведочеше и Саити И. кој истакна дека со Ајдани се виделе ден пред терористичкиот напад, и поминале голем дел заедно, а денот им поминал сосема вообичаено.

Во мај 2015 година, во судир помеѓу полицијата на вооружена група во кумановската населба Диво насеље, загинаат осум полицајци и десет припадници на вооружената група. За овој случај им се суди на 37 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.