Продолжуваат преговорите за името во Њујорк

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, денеска во Њујорк треба да ги продолжат разговорите со медијаторот на Обединетите нации за спорот со името, Метју Нимиц. Се очекува средбата да започне во 9 и 30 часот по локално време, односно во 15 и 30 часот по македонско време.

Вчерашната рунда разговори завршши по шест часа, а детали од разговорите ќе бидат изнесени по денешната средба.

Македонија во Њу Јорк замина со предлогот за Република Илинденска Македонија, кој според пишувањата на грчките медиуми, не е прифатлив за Грција која упорно бара име со временска или географска одредница. Грција, исто така, порача дека ќе преговара само врз основа на четирите предлози на Нимиц: Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.