Балкан

Продолжуваат протестите со блокади на улиците во Србија поради високите цени на горивата

Продолжуваат протестите со блокади на улиците во Србија поради високите цени на горивата

Некои од најважните сообраќајници во Белград и во Нови Сад се блокирани во понеделникот утрото од граѓани кои со своите возила го попречуваат сообаќајот преотестирајќи против зголемувањето на цените на горивата во Србија.

Ова е третата блокада на центарот на Нови Сад од петокот, кога во Србија започнаа протестите поради високите цени на горивата. Новосадските медиуми јавуваат дека градските камери од утрово се исклучени.

Возачите во Нови Сад утрово околу 7,30 часот блокирале три насоки на крстосницата во центарот на градот, а блокирани улици имало и во Белград и околните места.

Камерите од овие новосадски сообраќајници биле исклучени, пренесува регионалната N1 телевизија и додава дека во градската управа не одговарале на прашањето дали тоа е во врска со блокадите на улиците.

Сообраќајната полиција ги снимала табличките на возачите во Нови Сад со порака дека доколку не ги тргнат возилата, е добијата прекугранични пријави. Новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ ја осуди блокадата на сообраќајниците и оцени дека е недозволиво илјадници граѓани да бидат заложници на група луѓе.

„Со запирање на сообраќајот на една од најфреквентните крстосници во градот, тие себично и насилно се обидоа да го блокираат животот во Нови Сад така што ќе ги спречат илјадниците новосаѓани да ги однесат децата во градинка, навреме да стасаат на работа, да стасаат на преглед кај лекар, учениците и студентие да стасаат на училиштата и факултетот“, наведе Вичевиќ и апелираше државните тела да не дозолат кршење на законите.

Интернет порталот 021.rs објави дека одѕивот на граѓаните на протестот бил помал од петокот, првиот ден од протестот, кога беа блокирани неколку раскрсници во Нови Сад.

Протести претходните три дена се одржаа во повеќе градови во Србија, а беа организирани преку социјалните мрежу, бидејќи цената на горивата од почетокот на годината се зголемла за речиси 0,08 по литар бензин, односно за околу 0,1 евро по литар бензин. Барањата се да се усвои нова цена на горивата којашто не смее да биде повисока од околу 1 евро за литар гориво и државниот намет да не смее да биде повисок од 50 отсто од основната цена на бензините.