Продолжуваат протесттие на тетовските студенти против корупцијата

Трет ден по ред во четвртокот продолжија протестите на тетовските студенти, кои бараат крај на корупцијата и митото, како и на нетранспарентноста на факултетите, каде за да добиеш оценка или потпис во индекс мора да купуваш авторски книги од професорите.

„Бараме правда“, „Не не’ игнорирајте“ и „Крај на корупцијата и митото“ беа најчестите скандирања на тетовските студенти во зградата на ректоратот на Тетовскиот универзитет, револтирани од неостварената средба со управата на оваа високообразовна институција. Велат дека дека првите луѓе на универзитетот, им ветиле дека се подготвени денеска да ги примат и да разговараат со нив во врска со нивните барања, но наеднаш го смениле ставот . Сега универзитетката управа бара на состанокот да присуствуваат само неколку студенти, штo за нив не  неприфатливо.

Тетовските студенти деновиве упатија 14 барања, а денеска ги истакнаа дел од нив, кои како што рекоа се најприоритетни за исполнување. Студентите најавија дека протестите ќе продолжат, и истите ќе се радикализираат, ако за рок од седум дена не започнат преговорите и исполнувањето на нивните барања