Претставници на партијата ЛМШ (Листа на Марјан Шарец) и СМЦ (Партијата на модерниот центар) на Миро Церар, денес ќе го одржат првиот состанок за потенцијално коалицирање пред можните предвремени парламентарни избори во Словенија.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Партијата на премиерот во оставка Маријан Шарец се уште инсистира на одржување на брзи избори, додека СДС (Словенчката демократска партија) на Јанез Јанша прави обиди да формира ново парламентарно мнозинство и да добие мандат за формирање нова влада.
Од партијата на Јанша најавија дека веќе утре ќе ги продолжат започнатите преговори со СМЦ , НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија) за можно фомирање на ново парламентарно мнозинство, а со тоа и влада. Претставниците на овие партии во изјавите се воздржани за можноста да направат влада со паријата на Јанша.
Премиерот во оставка Шарец, коменитајќи ги овие разговори, оцени дека се работи за остварување на лични амбиции на политичарите.
Во маѓувреме министерката за труд Ксенија Клампфер ја напушти СМЦ на Церар и си даде оставка од позицијата потпретседател на партијата.
„Горда сум и на сите реформи кои успеавме да ги направиме и во малцинска влада“, напиша министерката во текст во текст испратен до медиумите со наслов “Популизмот повеќе се цени од работата”.