Продуцентот на „Боемска рапсодија“ ќе снима филм за групата Bee Gees

Продуцентот на „Боемска рапсодија“, Греам Кинг, работи на биографијата за уште една легендарна музичка група – Bee Gees, пишува The Guardian.

Сценариото за претстојниот филм сѐ уште не е напишано, а исто така не се избрани и актерите. На филмот ќе работат студиот „Paramount Pictures“, кое ги откупило правата на песните на британско-австралиската група, и продуцентската компанија „Sister“.

Бендот Bee Gees го сочинуваа тројцата браќа – Бари, Робин и Морси Гиб. Морис почина во 2003-та, а Робин во 2012 година.

Филмовите за легендарните музичари и бендови го разбудија интересот кај продуцентите, по големиот успех на „Боемска рапсодија“, чијашто премиера беше минатата 2018 година. Филмот заработи 903 милиони долари на кино-благајните, а актерот во насловната ролја Рамо Малек го освои Оскарот за најдобра машка улога.

Така, неодмана беше објавено дека биопикот за Елтон Џон за студиото „Paramount Pictures“ доби 195 милиони долари. Баз Лурман ќе снима филм за Елвис Присли, а во тек е работата на филмовите за Боб Марли и Керол Кинг.