Проект „Со доверба до подобра услуга“, ажурирај ги твоите лични податоци

Во периодот од 8 јануари до 15 март 2014 година се реализираше проектот „Со доверба до подобра услуга“ во партнерство на Дирекцијата за заштита на личните податоци, ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈРП Македонска Радио Телевизија.

Во текот на проектот граѓаните, корисници на услугите на овие претпријатија имаа можност да ги ажурираат своите личните податоци преку достава на пополнетите формулари во означените кутии на наплатните пунктови на ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Вкупно 6 564 граѓани на градот Скопје го искористија своето право на ажурирање на личните податоци, а со тоа ја исполнија и својата законска обврска да ги известат претпријатијата чии услуги ги користат за измените во нивните лични податоци.

Личните податоци на овие 6 654 граѓани на градот Скопје ќе бидат предмет на рзамена помеѓу ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје, а по претходно утврдена процедура за давање на личните податоци на користење и Договор за размена на личните податоци склучен помеѓу ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје.

По размената на личните податоци помеѓу претпријатијата Дирекцијата за заштита на личните податоци како институција надлежна за спроведување на Законот за заштита на личните податоци ќе изврши надзор за да утврди дали Процедура за давање на личните податоци на користење и Договор за размена на личните податоци склучен помеѓу ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје, ЈП Водовод и канализација – Скопје се испочитувани.