Проектили ја засипаа Зелената зона во Багдад со американската амбасад

Силно утврдената Зелена зона во Багдад, каде што се наоѓа амбасадата на САД, во петокот во мугрите беше погодена од неколку ракети, но сè уште не се знае точно каде погодиле проектилите и дали има штета, изјавија два извори.

Во четири часот по полноќ се слушнале експлозии во ирачката престолнина во близина на американската амбасада, а се огласиле и сирените за тревога од воздушнен напад, а жителите биле повикани да се засолнат, според видео снимките објавени на социјалните мрежи и потврдени од информиран извор.

Портпаролот на амбасадата не одговорил на барањето за коментар. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот врз американската амбасада.

Сѐ уште не е познато дали по нападот бил активиран системот за противвоздушна одбрана.

Од средината на октомври американските сили во воените бази во Ирак и Сирија беа цел на повеќе од 70 напади на ирачките шиитски исламски групи, но досега дипломатските претставништва беа поштедени од вооружени напади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.