Проектили испукани врз американска база во Сирија

Два проектила беа испукани врз американска патролна база во североисточна Сирија, но нема повредени или оштетувања на базата, соопшти американската војска.

Американската војска додаде дека Сириските демократски сили поддржани од Вашингтон го посетиле местото од кое биле истрелани проектилите и пронашле трета, неиспукана ракета.

Базата се наоѓа во Аш Шадади.