Проектот „Купи куќа, купи стан“ се продолжува за една година

Проектот „Купи куќа, купи стан“ со кој на граѓаните им се даваат субвенции при купување на стан или куќа ќе продолжи за уште една година.

Министерот за финансии Зоран Ставрески на денешната владина седница истакна дека поради големиот интерес кај граѓаните владина поддршка за овој проект граѓаните ќе може да добијат и во 2014 година.

„Во јануари ќе има нова објава и огласот ќе продолжи во текот на целата година. Го прифативме барањето на граѓани, владината субвенција да не се враќа. Ова значи дека граѓаните нема да ја враќаат субвенцијата, ако банкарскиот кредит го вратат пред време, односно по 10 години користење на станот или куќата“, посочи Ставрески.

Одзивот според министерот е задоволителен. Одобрени се 197 барања на „Купи куќа, купи стан“, од кои 31 се за куќа. Вкупно 151 корисник на оваа владина субвенција се од Скопје, 16 од Битола, 12 Струмица, 6 Гевгелија и по две или 1 барање во останатите градови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.