11.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Проектот „МојДДВ“ тече, граѓаните беа и останаа скептични

Целта на оваа мерка за поврат на ДДВ на граѓаните е да се намали сивата економија, нагласува Владата. Опозицијата, пак, од почетокот ја оцени како популистичка мерка од која најголема корист ќе имаат најбогатите.

Изминува речиси еден месец од примената на „МојДДВ“. Од една страна се задоволните изјави на надлежните и на дел од граѓаните кои засега не гледаат никаков проблем со скенирањето на сметките и се надевааат дека од држава ќе добијат некој денар, како поврат на 15 отсто данок, иако кај сите е присутен скептицизмот, дали навистина ќе им бидат исплатени некакви пари.

И додека повеќето граѓани се жалат дека немаат преглед колку сметки скенирале на телефонот, затоа што нема опција за да се види збирната сума од сметките, како и неможноста да се скенира сметка ако е малку истуткана или има нејасен бар код, добар дел од граѓаните сѐ уште не се задоволни и се соочуваат со проблеми. А, веројатно така ќе биде и во наредниот период. Тоа се пред сѐ повозрасните лица, пензионерите, немоќните и неуките кои едноставно имаат обични телефони и не се во состојба да набават смарт телефон, за да можат да ја симнат апликацијата „МојДДВ“ и да скенираат фискални сметки. А, оние пак, кои имаат смарт телефон, не се доволно вешти за да ја користат апликацијата и да ги скенираат фискалните.

Тоа е така, иако УЈП понуди решение за овие ранливи категории како и за постарите лица. Па, на они кои не се во можност да ја користат апликацијата, Управата им помага со мобилни екипи на даночните шалтери на УЈП од 80 волонтери. Само проблемот е што за таа услуга мора да се отиде до шалтерите.

Иако имам смарт телефон неколку години, јас сѐ уште го користам само да им се јавам на блиските или да примам повик. Не знам како да ја користам апликацијата МојДДВ“ и за скенирање на сметките бев неколку пати во УЈП, во деновите кога има бесплатен превоз, ама тоа не е решение. Не можам постојано тоа да го правам. Требаше за нас, пензионерите, да се смисли поинакво решение, вели пензионер од Скопје.

Целта на оваа мерка за поврат на ДДВ на граѓаните е да се намали сивата економија, нагласува Владата. Опозицијата, пак, од почетокот ја оцени како популистичка мерка од која најголема корист ќе имаат најбогатите.

Ако навистина Владата се грижи за граѓаните, најмалку што можат да направат е да го врати рамниот данок, да ја укине акцизата за нафтата, да ги намали цените на мало и да почне да ги реализира капиталните инвестиции, регираа многупати од ВМРО ДПМНЕ.

УЈП го оцени периодот од примената на „МојДДВ“ како успешен. Информираа дека бројот на скенирани фискални сметки од стартот на овој проект, 1 јули, до 24 јули 2019 година изнесува 5,4 милиони денари, остварен е промет од над 2,7 милијарди денари, со вкупно ДДВ од 298,8 милиони денари, а повратот од 15 отсто за граѓаните изнесува 44.827,089 денари.

Инаку, повратот на ДДВ ќе се прави преку скенирање на баркодовите на фискалните сметки најдоцна во рок од 10 дена од издавањето на сметката. Ова важи само за физички лица и за фискални сметки до 30.000 денари, но не и за фактури и сметки со сметко-потврди.

Владата ветува дека првата исплата директно на сметките на граѓаните ќе биде во декември годинава, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември в година.
Лимитот за едно лице ќе биде 1.800 денари квартално, или најмногу 28.800 денари годишно. Враќањето на данокот ќе се врши на трансакциска сметка на лицето од страна на Управата за јавни приходи, во рок од 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
Според Владата, од оваа услуга треба да им бидат вратени на граѓаните најмногу 50 милиони евра годишно.