Проевропските партии убедливо водат во Украина

Проевропските партии убедливо водат на вчера одржаните вонредни парламентарни избори во Украина.

Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук освои 21,71 проценти од гласовите, а Блокот на претседателот Петро Порошенко има 21,62 отсто од гласовите.

На трето место е партијата Самопомош, чиј лидер е градоначалникот на Лвов, Андреј Садов, со освоени гласови 10,49 проценти.

Потоа следат Опозицискиот блок на Јуриј Бојкос – 9,57 отсто, Радикална партија на Олег Љашкос – 7,69 и татковина на поранешната премиерка Јулија Тимошенко – 5,90 проценти освоени гласови.

Над 34,6 милиони луѓе во Украина имаат право на глас. Во Украина се гласаше на околу 30.000 избирачки места, а во 72 земји на 112 избирачки места.