Проф. д-р Николиќ и д-р Славески од „Аџибадем Систина“, дел од тимот што ќе ја изведе првата трансплантација на срце во Македонија

251

Професор д-р Александар Николиќ, кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“, ќе бидат дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои ќе ја направат првата трансплантација на срце во Македонија, а која ќе биде изведена вечерва на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област, впрочем е и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.

Првата трансплантација на срце во земјава ќе ја работи мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“. Станува збор за тешка и ризична интервенција каква досега не беше направена во Македонија, поради што ова е голем исчекор за македонското здравство.

Министерството за здравство објави дека во тек се подготовките на тимовите. Донор на срцето е почината пациентка чие семејство се согласило срцето да го добие друг пациент кој веќе долго време чека донор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.