Проф.д-р. Ѓуровски до Ангелов: Центарот за управување со кризи е на апарати, ниедна инситуција не функционира!

Во Топ тема вечерва во Телма телевизија, универзитетскиот професор д-р. Марјан Ѓуровски, во врска со прашањето дали функционираат институциите за време на кризна состојба, истакна со Ковид речник дека Центарот за управување со кризи е на апарати, односно дека ниедна од тие институции во системот не функционираат во кризнава состојба.

Тој вели дека според одлуката за прогласување кризнаа состојба поминале 120 дена, а која треба да ја раководи Центарот за управување со кризи, констатира дека треба да има политичка волја за да системот за управување со кризи функционира, а тој одгвоорно тврди дека тоа не е така.

-Во моментов со ковид речникот Центарот за управување со кризи се наоѓа на апарати за дишење, односно на респиратори, зошто, затоа што координацијата на целата криза оди преку главниот координативен штаб за обезбедување на целосна координација, според Одлуката на Владата, независно од бројките што растат, Главниот координативен штаб нема заседавано три или четири недели – го праша професорот Ѓуровски, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Ѓуровски вели дека не само Главниот координативен штаб што нема заседавано со недели, туку и групата за проценка исто така воопшто нема заседавано, а Управувачкиот комитет исто така нема заседавано.

-Значи се наоѓаат тела кои во рамките на системот за управување со кризи се нефункционални, а директорот потпишува плата за 320 луѓе кои ги потпишува Ангелов плус 290 луѓе од дирекцијата за спасување, значи на 600 луѓе кои се директно инволвирани во системот што тие прават всушност – праша професорот Ѓуровски.