Проф. Трајковски: Македонските навивачи кои беа во Романија се ризична група, таму има 22 случаи на индискиот сој

Делта варијантата позната како индиски сој забрзано се шири низ Европа, но и во соседство, па прашање на време е кога покрај двата изолирани случаи, ќе влезе на голема врата во Македонија. Универзитеткиот професорот од Техничкиот факуктет во Битола, кој од почетокот изработува математичко-сатистички анализи, вели дека опасноста е околу нас, со оглед на се поголемата раздвиженост во летниот период, а како ризична група ги посочува македонските навивачите кои отпатуваа во Романија каде се секвенционирани 22 случаи, а ништо помала не е опасноста Делта варијантата или Индискиот сој летово да допатува со дијаспората.

-Делата сојот е секвенциониран во Грција со 10 случаи, Бугарија има еден, а за нас особено е значајно во време на Европско првенство со 22 случаи во Романија, пет во Словенија, а во останатите балкански земји нема секвенционирани случани. Но, да не се залажуваме, Србија крена раце од секвенционирање уште од април, така што не знаеме која е вистинската состојба во Србија, вели проф. д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола, за „Телма“.

Иако летните температури не се поволни, опасноста може да дојде есенва.

-Иако моментално временските прилики не годат на преносливоста, но ако еднаш влезе во Македонија тој тука ќе остане до првите есенски денови, а тогаш со зголемување на преносливоста постои гоем ризик од нов бран, со оглед на малата стапка на примени дози и прележаност, се разбира, вели Трајковски.

Според Трајковски, иако процесот на примање дози е забавен поради недостиг на дози Македонија се уште има време да спречи есенски бран со кататсрофални последици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.